Иако ослабена и без неколку клучни играчи, Оклахома Сити го совлада Милвоки благодарение на неверојатниот настап на Шај Гилџ-Александар.
Минатогодишниот МВП, постигна 40 поени, а додаде 11 асистенции и собра седум скока, промашувајќи само три шута. Тандерси не дозволија отсуствата да ги поколебаат, а и покрај повредата на Мичел кој имаше одлично прво полувреме со 18 поени, тимот изгледаше стабилно и самоуверено. Кај Милвоки, Џенис Антетокумпо заврши со дабл-дабл со 19 поени, 14 скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно против инспирираната Оклахома.
Во Њујорк, Никсите ја запишаа најубедливата победа во историјата на франшизата, триумфирајќи над Бруклин со +54 разлика.
Бренсон постигна 20 поени, а неговиот тим во еден момент имаше предност од +59, додека гостите едвај стигнаа до 38 поени на полувреме и само 28 во второто.
Во останатите натпревари. Кливленд славеше над Шарлот со 94:87, Бостон беше подобар од Индијана со 119:104, Атланта тесно го доби Мемфис со 124:122, Детроит очекувано го победи Њу Орлеанс со 112:104, а Торонто го совлада Сакраменто со 122:109.



































