Најнеизвесниот од шесте натпревар во НБА лигата ноќеска, се одигра во Торонто, а таму имаше и дополнителни пет минути.

Екипата на Лос Анџелес Клиоерс предводена од Џејмс Харден славеше над Тпоронто со 121-117.

„Репторс“ загубија по втор пат во 21 натпревар, откако кога водеа по три четвртини. Торонто водеше со 109-101 на 3:35 минути до крајот на регуларното време, но промаши шест шутеви по ред,. Затоа пак Харден со серија од 8-0 обезбеди продолжение.

Популарниот „брада“ натпреварот го заврши со дабл-дабј со 31 поен и 10 асистенции. Џордан Милер постигна 19 поени, а двопен ефект имаше и Хрватот, Ивица Зубац со 16 поени и 14 скока.

Клиперси ја остварија 12-тата победа во 14 натпревари, откако ја започнаа сезоната со резултат 6-21.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:
Индијана – Њу Орлеанс 127:119
Филаделфија – Кливленд 115:117
Бруклин – Чикаго 112:109
Торонто – Лос Анџелес Клиперс 117:121 (по продолжение)
Хјустон – Минесота 100:91
Сакраменто – Вашингтон 101:89