Очекувана победа од 36:24 на Данска против Македонија во првиот натпревар на Европското првенство. Ова беше вкупно осма победа за Данска во меѓусебните дуели со Македонија.
По воведните 3:3, нашата репрезентација влезе во серија од три технички грешки што противникот го казни и поведе со 8:3. Со неколку промени во составот селекторот Лазаров успеа да ја врати играта пред сè во напад, а по 20-та минута намаливме на 14:11 и во меѓувреме го приморавме селекторот на Данска Јакобсен да побара тајM-аут. На полувреме Данска повторно дојде до највисоките +5 (17:12).
Данските ракометари на имаа исто така добар старт и во вториот дел со серија од 5-1, а по 40 минути игра веќе имаа и двоцифрена предност 25:15. Македонските ракометари успеаја да намалат на осум негатива (28:20), но противникот повторно стигнаа до двоцифрена предност.
Симон Питлик кај Данска со 9 голови беше најефикасен на дуелот, а Матс Гидсел постигна 8. Кај Македонија најпрецизен беше Мартин Серафимов со 6 голови. Голманот на Данска Емил Нилсен имаше 10 одбрани.
Македонија следниот натпревар го игра против Португалија во недела, а нашиот следен ривал во првото коло ја совлада селекцијата на Романија со 40:34.


































