Синоќа во НБА се одиграа уште шест натпревари, од кои ги издвојуваме победите на Ликаго и денвер.

Црногорецот, Никола Вучевиќ е јунакот на Чикаго кој на домашен терен ја победи Јута со 128-125.

Икао Брајс Сенсабо го одигра натпревар на кариерата сепак Вучевиќ беше оној кој го реши натпреварот. Сенсабо постигна 43 поени за Јута, но не доволно за победа. Тој на 30 секунди пред крајот го израмни резултатот на 126-126. Но на 4 секунди пред крајот Црногорецот, Вучевиќ постигна кош за славје на Чикаго.

Вучевиќ го заврши натпреварот со 35 поени, од кои 16 беа во последната четвртина.

И без својот најдобар играч, Никола Јокиќ, екипата на Денвер успеа да врзе трета победа во низа, а петта на последните шест натпревари.

На гостувањето кај Далас, тимот на Денвер славеше со 109-118. Дури петмина играчи на Нагетс, натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени. Џамал ​​Мареј беше најефикасен со 33, а него го следеше Арон Гордон кој додаде 22 поени.

Следете нé на социјалните мрежи

РЕезултати:
Индијана – Торонто 101:115
Филаделфија – Кливленд 107:133
Чикаго – Јута 128:126
Далас – Денвер 109:118
Сакраменто – Њујорк Никс 112:101
Лос Анџелес Клиперс – Вашингтон 119:105