На шесте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, по три победи забележаа гостите и домаќините.

Најголемото изненадување го проредија кошаркарите на Сакраменто кои славеа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс со 124-112.

Лејкерси го загубија водството кон крајот на првата четвртина, а потоа сè отиде во насока на Сакраменто. ДеМар ДеРозан беше одличен со 32 поени. Малик Монк постигна седум тројки, а вкупно 26 поени. Расел Вестбрук, кој одигра 78 натпревари за Лејкерс во 2023 година, додаде 22 поени и седум асистенции.

Така бадијала остана фантастичната партија на Лука Дончиќ кој заврши со 42 поени, седум скока и осум асистенции, но дури ни тоа не беше доволно за да се избегне нивниот 14-ти пораз.

Ова беше првата победа на „Кингс“ на домашен терен против „Лејкерс“ од 13 март 2024 година.

Изненадување од ист обем, ако не и поголемо, приреди Јута Џез, кои ги победија Кавалирс во Кливленд со 112:123.

Гостите водеа во поголемиот дел од натпреварот, Кавс имаа предност пред полувремето и на почетокот на третата четвртина, но Џез, расположени, не се предадоа.

За вакво изненадување, некој мора да биде особено мотивиран, во овој случај тоа беше Кејонте Џорџ со 32 поени. Лаури Марканен исто така имаше одличен настап со 28 поени и 12 скока. Финецот не беше единствениот со дабл-дабл во својот тим, бидејчи и Босанецот, Јусуф Нуркиќ исто така успеа во тоа , додавајќи 17 скока заедно со 11 поени.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:
Кливленд – Јута 112:123
Индијана – Бостон 98:96
Торонто – Филаделфија 102:115
Далас – Бруклин 113:105
Сакраменто – Лос Анџелес Лејкерс 124:112
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109