Вкупно десет натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата.
Десеткуваниот Денвер во неизвесен натпревар го победи Милвоки со 108-104. Повторно кај „Нагетси“ ги немаше Мареј и Јокиќ, но уште тројца играчи, кои заедно во просек постигнуваат околу 85 поени по натпревар. Дури и без нив, Денвер успеа да слави. Најефикасен овојпат беше Хардавеј Џуниор 25 поени, кому му помогнаа Гордон со 23, Пејтон Вотсон со 19. Кај Милвоки, бадијала остана двојниот ефект на Јанис Антетокумпо со 31 поен и 11 асистенции, а имаше и осум скока.
Шампионот, Оклахома Сити славеше пред своите симпатизери протов Мајами со 124-112.
Иако гостите од Флорида беа подобри во првиот дел, во вториот со серија од 15-0 во третата четвртина шампионот ги сврти работите во своја корист. Шеј Гилгиус-александер натпреварот го заврши со 29 поени, а Џејлен Вилијамс додаде 19 поени.
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Торонто гостуваше Хјустон, а славеа домаќините по продолжение со 116-115.
Резултати:
Портланд – Њујорк 114:123
Минесота – Сан Антонио 104:103
Феникс – Вашингтон 112:93
Голден Стејт – Атланта 111:124
Сакраменто – Хјустон 111:98
Орландо – Њу Орлеанс 128:118
Мемфис – Бруклин 103:98
Денвер – Милвоки 108:104
Оклахома – Мајами 124:112
Торонто – Филаделфија 116:115 продолжение



































