Во Првата машка кошаркарска лига од денеска до недела ќе се играат натпреварите од 11-тото последно коло од есенскиот дел.
Програмата ќе биде отворена вечерва со натпреварот во Велес. Таму кошаркарите на Борец баксет ќе ја пречекаат екипата на Струмица Ролинг. Велешани важат за апсолутен фаворит, а ќе атакуваат на седмата последователна победа. Струмичани пак од друга страна сезонава само еднаш успеаја да се израдуваат.
Со триумф избраниците на Ангели Љутков повторно ќе се вратат на делба на 1,место на табелата со Струмица ФМП и Соколи кои имаат по една победа повеќе, но и натпревар повеќе.
Вечерашниот натпревар во салата „Гемиџии“ ќе почне во терминот од 20 часот. Останатите натпреварот од ова кола ќе се играат во текот на викендот.
КОШАРКА ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11 КОЛО
„А“ ГРУПА
Сабота
ЦРН ДРИМ – ОХРИД 12.00 часот
МЛАДИНЕЦ – ТЕТЕКС 16.00 часот
Недела
МЕГА БАСКЕТ – ВАРДАР 19.00 часот
Слободен Водно Санс
ТАБЕЛА: Вардар 8-1 (победи-порази), Мега баскет 7-2, Охрид 6-3, Водно Санс 5-4, …
„Б“ ГРУПА
Петок
БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА РОЛИНГ 20.00 часот
Сабота
ОВЧЕ ПОЛЕ – СТРУМИЦА ФМП 18.00 часот
СОКОЛИ – БУТЕЛ 18.30 часот
Слободен Спортисимо
ТАБЕЛА: Струмица ФМП 7-2 (победи-порази), Соколи 7-2, Борец баскет 6-2,
Бутел 6-2…




































