екипите на Њукасл и Челзи одиграа возбудлив и ефикасен натпревар во Премиер лигата. На воведниот меч од 17.коло на „Сент Џејмс Парк“ стадионот заврши без победник, а во четири постигнати голови 2-2.
Натпреварот започна фототипно за домашниот тим кој со двата гола на Германецот. Ник Волтемаде (4 и 20,минута), на полувреме имаше два гола предност.
Сепак гостите од Лондон успеаја да ја надополнат негативата во вториот дел. По само четири минути игра (49), Џејмс намали на 2-1, а во 66-тата Жоа Педро го израмни резултатот. Иако двата тима се обидуваа и имаа по неколку шанси за трет гол, сепак резултатот остана не променет.
За двата тима ова беше петтиот натпревар со нерешен исход. Челзи е четврти со 29, а Њукалс на 11.место со 23 бодови.





































