Македонскиот фудбалски шампионат Шкендија вечера ќе го игра последниот натпревар од групната фаза во Конференциската лига.

Тетовци гостуваат на Купар ка тимот на АЕК Ларнака во меч од шестото коло.

Откако со самиот пласман во групната рунда, веќе направија историски клупски успех, сега фудбалерите на Шкендија сакаат исчекор повеќе. Избраниците на Јетон Беќири во 7 освоени бодови се на 21 место на табелата кое носи учество во нокаут рундата. Калкулациите велат, дека победа го потврдува пласманот во 1/16-финалето, но дури и пораз може да одведе тетовци понатаму. Разбирливо за тоа треба да се поклопат и резултати од неколку други натпревари.

Иако противникот важи за фаворит, сепак во таборот на макеоднскиот првак не размислуваат да излезат на овој натпревар со бело знаме.

„Докажавме дека можеме да играме со силни тимови во Европа за време на ова натпреварување. Имаме максимално почитување кон тимот на АЕК, но во ниту еден момент не влегуваме во натпреварот за да се плашиме од нашите противници, и покрај нивната сила и ниво.

За да оствариме со позитивен резултат, треба да се претставиме на високо ниво.  Тие имаат свои математики за пласман во плејофот, ние влегуваме со наши. Верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме и дека ќе продолжиме и напролет на европската сцена“, изјави тренерот Беќири.

Како и колку ќе се исполнат плановите на Беќири и тетовци останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 21 часот.