На домашната спортска сцена, денеска само два натпревари од 18 коло во машката ракометна Супер лига.
Во првиот одигран во Радовиш, ракометарите на Охрид ја оправдаа фаворитската улога и славеа во дуелот против истоимената домашна екипа со 37-14.
Во ниту еден момент охриѓани не им дозволија на радовишани да се понадеваа дека за прв пат сезонава ќе останат не поразени. Охрид ја впиша 14-тата победа со која повторно се вратија на третото место на табелата со ист број бодови, 29 како и четврто пласираниот Алкалоид. Радовиш пак и во 18-тиот натпревар го претрпе 18-тиот пораз.
Денеска се игра и уште еден натпревар. Во терминот од 19 часот средуваше дуелот меѓи Куманово и Струга.
Есенскиот дел од сезоната ќе биде заокружен со натпреварот Е.Пелистер 2 и Пролет што ќе се игра во сабота.



































