Шампионот Еурофарм Пелистер во наредниот период ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар стрелец сезонава, Дејан Манасков.

Имено, Дисциплинската комисија на РФМ, на Манасков му изрече суспензија од три месеци, а по настаните на натпреварот против Охрид. Левото крило на битолчани ќе ги пропушти преостанатите пет натпревари од регуларниот дел на сезоната, како и првите два дуела од плеј-офот.

По одлуката на РФМ, санкционирани беа и двата клуба. Охрид и Еурофарм Пелистер се казнети со парична казна од по 45.000 денари поради случувањата на теренот и надвор од него.

Казна доби и член на стручниот штаб на Охрид. Асистентот Крсте Андоновски, е суспендиран на три првенствени или Куп натпревари.

Потсетување дека натпреварот заврши со победа на Охрид која му го нанесе вториот пораз на Е.Пелистер сезонава.

Следете нé на социјалните мрежи