Џејкоб Вајли се враќа во тимот на кошаркарската репрезентација на Македонија за дуелот со Ирска утре во Даблин. 

Вајли остана меѓу гледачите на првиот квалификациска меч кој Македонија го доби убедливо против Азербејџан. Сега кошаркарот на Литвос Ритас е меѓу 12-мината кои утре ќе го играат вториот претквалификациска натпревар за ЕП 2029-та .

„Моите очекувања се да играме исто како летоска и да се надоградиме. Дури и тогаш, кога загубивме неколку меча, се боревме и се држевме со ривалите, растевме како тим, затоа што имавме доста млади играчи во ростерот. Победивме во нашиот последен домашен меч, сега на почетокот на овој циклус, победивме уште еден, исто така на домашен терен, па сакаме да продолжиме со таа низа и пак да победиме.

Се наоѓаме во процес на изградба, се уште го бараме оној перфектен ритам, имаме и некои други играчи, некои повратници, па се надевам дека низ овие натпревари ќе го продолжиме процесот. Никого не го преценуваме, никого не го потценуваме“ – смета Вајли.

Бевме убедливи против селекцијата на Азербејџан, сега следува противник кој има поголем рејтинг на светската листа – Ирска.

Но тоа не ги менува размислувањата кај нашиот репрезентативец, кој потенцира уште нешто, веќе нема лесни противници.

„Секој кој е дојден да игра во овие претквалификации е дојден да игра за државата за која го брани дресот и за тимот, па знам дека и Ирска ќе игра за својата гордост. Не смее никого да го сфатиме како лесна задача, туку мора да се бориме.

Имаме квалитет и искуство за тоа прво место за следната фаза, но како што кажав, сакам да видам борба и мора сите да го направиме тоа заедно“- дополнува нашиот адут во играта под кошевите“, заклучи Вајли.

Утрешниот натпревар меѓу Р. Ирска и Македонија ќе се игра во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи