Екипата на Реал Мадрид ја оствари четвртата победа во Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим на гостувањето во Атина кај Олимпијакос славеше со 3-4.

Иако домашниот состав прв го отвори резултатот преку чикињо во осмата минута, сепак Реал направи комплетен пресврт.

За тоа е погрижи Килијан Мбапе кој за само седум минути оствари хет-три, односно постигна три гола.

Откако домаќините во 52.минута намалија на 2-3, Французинот во 60-тата го постигна својот четврти гол.

До крајот на натпреварот домаќините преку Ел Каби само го ублажи поразот на 3-4.