Познат е тимот од 12 кошаркари со кој Македонија ќе ги почне новите квалификации, овие за Европското првенство 2029-та.

По вечерашниот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди списокот на 12 играчи. Тие утревечер ќе бидат во официјалниот протокол за натпреварот против Азербејџан.

Во тимот ќе го нема Џејкоб Вајли како опција за натурализиран играш. Шанса за деби во црвено-жолтиот дрес добива новото засилување Омари Мур од шпанската Валенсија.

СПИСОК НА 12 МАКЕДОНСКИ КОШАРКАРИ ЗА НАТПРЕВАРОТ СО АЗЕРБЕЈЏАН

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија

Натпреварот Македонија – Азербејџан што ќе се игра во СЦ „Кале“ утре, ќе почне во терминот од 19 часот.

Следете нé на социјалните мрежи