Интер Мајами ја потврди својата доминација во плејофот на МЛС со победа од 4-0 над Синсинати и обезбеди место во финалето на Источната конференција.

Лионел Меси беше двигателот на тимот, постигна гол и додаде три асистенции, со што постави нов рекорд во плејофот. Тој има вкупно 12 придонеси за голови – шест погодоци и шест асистенции.

Аргентинецот ја прекина серијата без гол против Синсинати во 19-тата минута, кога со удар со глава донесе водство за Мајами. Девет минути подоцна промаши голема шанса еден на еден со голманот, но се реваншираше со три додавања.

Во 55-тата минута го пронајде Силвети за 2-0. Потоа двапати му асистираше на Тадео Аљенде, кој со двата погодоци ја запечати победата.

Синсинати не успеа да одговори на агресивната игра на Мајами. Тимот сигурно чекори кон финалето. Мајами и Меси ќе го дознаат противникот од дуелот меѓу Филаделфија и Њујорк Сити.

Следете нé на социјалните мрежи