Кошаркарите на Пелистер со уште еден пораз го завршија своето „патешествие“ на европската сцена.

Битолчани се поразени во последното коло од групната фаза на ФИВА Европскиот куп од кипарскиот Керавнос. Во дуелот од Д групата, зелено-белите пред малубројната битолска публика загубија со убедливи 74-92.

Освен водството од 3-2, се останато мина во знакот на противникот кој победата ја најави уште во првиот дел. Кипарскиот тим го доби првиот квартал со 11, а вториот со 3 разлика, па на одмор замина со +14 (42-56). Второто полувреме, во кое кипарскиот тим имаше и 25 поени предност, беше само чиста формалност, па Пелистер го претрпе петтиот пораз.

Пелистерци со „скор“ 1-5 (победи-порази) завршија како последно рангирани во својата конкуренција. Со поразот од Реџина во квалификациите за Лигата на шампионите, европското „патешествие“ го завршија со само една победа и шест порази.

Со ова само уште еднаш се потврди колку е далеку македонската кошарка (во случајов Пелистер) од европската клупска конкуренција.

Следете нé на социјалните мрежи