Повод ослободувањето на градот Скопје, „13 Ноември“ денеска беа доделени признанија на во областа на спортот на оние кои изминатата година постигнаа одлични резултати и придонесоа за развој и унапредување на македонскиот спорт во различни категории.
Сојузот на спортови на Скопје, по 55-ти пат ги доделени признанијата „13 Ноември“, а беа доделени вкупно 10 награди.
Наградата „13 Ноември“ – Спортист му беше доделена на еден од најуспешните македонски пливачи Евгениј Поп Ацев. Тој минатата година го преплива Ла Манш и стана петтиот Македонец кому му успеало тоа.
Наградата Тренер ја доби македонската ракометна легенда Кирил Лазаров, кој предводејќи го РК Алкалоид стигна до титулата ЕХФ Европски куп. Неговиот тим Алкалоид го понесе признание за најдобра екипа.
Наградите Спортски работник за животно дело ги добија поранешната атлетичарка Божурка Ѓошевска и Кирил Михаилов, спортски фоторепортер и организатор на автомобилиски трки.
Останатите пет награди им припаднаа на спортските работници:
Мр. Горан Мицкоски (стручен соработник во Џудо Федерацијата на Македонија и дел од организациски тим на македонската џудо федерација), Јордан Тасевски (Претседател на Македонската Федерација во Спортско Стрелаштво), спортскиот новинар во порталот „Екипа“, Владимир Булатовиќ, како и на Александар Аргироски (професор по физичко образование, спорт и здравје во ООУ Петар Поп Арсов од Скопје) и професорката Ана Јакимовска Стричевиќ од ДУФК М.М. Брицо – Скопје.




































