Македонската А репрезентација денеска ја започна ноемвриската репрезентативна акција со официјалната прозивка во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Овој собир е во пресрет на двата последни натпревари за годинава. Првиот е пријателскиот меч со Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел против Велс на 18 ноември во Кардиф.
Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, со цел да има поширока конкуренција за последниот натпревар во циклусот. Поради повреда ќе отсуствува Езџан Алиоски, додека во тимот се враќаат Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.
Лука Станковски, фудбалерот од средниот ред на Раднички Крагујевац верува дека мечот со Летонија може да ни донесе позитивни работи, посебно за фубалерите кои кои чекаат шанса и поголема минутажа во репрезентативниот дрес.
,Што се однесува до натпреварот со Летонија, како и секогаш, Македонија, оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар, да стекнеме самодоверба и да дојдеме до посакуваната победа.,
Против Велс е клучниот натпревар од квалификациите. Се надевам дека овојпат нема да биде слично како против Белгија, но и тој натпревар беше дел од нашата тактика и успеавме да извлечеме добар резултат. Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Се надеваме на добар настап и на освоени три бода во Велс. Искрено, не мислам дека сè зависи од среќата, иако и таа е фактор во денешниот фудбал. Ние имаме јасна тактика и верувам дека тоа ќе биде клучот за успех.”.






































