Македонскиот шампион Ѓорче Петров го заврши својот настап на европската сцена. Ѓорчепетровки го загубија и вториот натпревар од третото коло во Европскиот куп шпанскиот состав на Елче.
Откако вчера беа поразени со три гола разлика денеска ракометарките на Ѓорче Петров загубија убедливо со шест разлика 19-25.
Македонскиот првак беше рамноправен само воведните петнаесет минути се до резултат 5-5. Потоа следуваше серија од 4 гола шпанскиот состав кој на полувремето замина со предност од 6 гола 10-16. Таа предност составот на елче ја задржа и во вториот дел за на крајот до слави со конечни 19-25.
Со тоа Ѓорче го заврши совет настап во еврокупот во кој Македонија останува да ја претставува само уште екипата на Металург Автокоманда.
Ивона Кимовска





































