Британeцот, Ландо Норис од Мекларен ќе стартува од пол-позицијата за Големата награда на Мексико.
Со ова, Норис ги зголеми шансите во трката за титулата со својот тимски колега и лидер во генералниот пласман, Оскар Пјастри, кој има предност од 14 поени. Норис беше најбрз во квалификациите, оставајќи го Шарл Леклер од Ферари зад себе за 0,262 секунди.
Од вториот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Макс Верстапен. Четирикратниот шампион Макс Верстапен, кој заостанува 40 поени зад Пјастри, останува опасност во борбата за титулата. Тој ќе биде две позоции понапред во стартниот „грид“ пред Пјастри.
Историјата не е на страна на возачите кои стартуваат надвор од првите тројца. Имено од 1990 година, кога Ален Прост победи стартувајќи од 13-та позиција, никој не успеал да го повтори тој подвиг. Тоа ја нагласува важноста на пол-позицијата на Норис, кој ќе има чиста патека пред себе и можност да го контролира темпото од самиот старт.
Трката во Мексико Сити започнува во недела во 21 часот по македонско време.





































