Екипата на Арсенал дојде до триумф во попладневните натпревари во Премиер Лигата додека пак Манчестер Сити се „сопна“ и загуби. Арсенал со резултат од 1:0 триумфираше над Кристал Палас, а Манчестер Сити со идентичен резултат беше поразен од Астон Вила.
На натпреварот меѓу Арсенал и Кристал Палас се отиде во знакот на Еберичи Езе поранешниот играч на Палас, а сегашен играч на Арсенал. Во 39.та минута Езе постигна гол, единствениот на овој натпревар за триумф на „топчиите”.
Манчестер Сити пак загуби на гостувањето кај Астон Вила со 1:0. Овој пораз воедно и значеше крај на неверојатната серија на постигнати голови на Ерлинг Халанд. Стрелец за победата на Астон Вила беше Мети Кеш во 19.та минута од натпреварот.
По овие натпревари Арсенал е лидер во Англиската лига со 22 освоени бода на 9 натпревари, а Манчестер Сити е на 4-тата позиција со освоени 16 бода. Кристал Палас се наоѓа на 10.место со 13 бода, а Астон Вила со 15 бода ја окупира седмата позиција.





































