Лионел Меси го продолжува фудбалскиот „танц“ во дресот на Интер Мајами. Аргентинецот кој пред натпреварот го понесе признанието за најдобар стрелец во МЛС лигата, тоа го потврди со два нови гола.

Интер Мајами го победија Нешвил со 3:0 на почетокот од плејофот во МЛС.

Меси беше стрелец на првиот гол на натпреварот уште во 19 минута кога по двојната акција со Суарез погоди со глава. Во 62-та минута, Аљенде зголеми на 2:0, а Меси во во 90+6 повторно се впиша во листата на стрелци за 3:0. Поразот го ублажи Хани Мухтар во 101-та минута.

Меси сезонава во дресот на тимот од Флорида постигна 31 гол на 29 натпревари на кои имаше и 20 асистенции.

Вториот натпревар меѓу Интер Мајами и Нешвил на програмата е на 2 ноември во 00:30 часот.