Богатата понуда со натпревари во НБА лигата синоќа мина во знакот на словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ.
Тој влезе во одбраното друштво на кошаркари со најдобар старт на сезоната во историјата на НБА.
Откако постигна 43 поени против Голден Стејт, Дончиќ ноќеска уфрли 49 поени во победата на Лос Анџелес над Минесота со 128-110. Тој додаде и 11 скока и осум асистенции со што стана само четвртиот играч во историјата кој ја отворил сезона со два натпревари од 40+ поени.
Пред него тоа им успеало само на легендарните Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан, како и Ентони Дејвис кој го направи тоа во Њу Орлеанс во 2016 година.
🇸🇮 Luka Dončić today highlights vs. Timberwolves:
— DV highlights (@DVhighlights) October 25, 2025
🏀 49 POINTS
🏀 11 REBOUNDS
🏀 8 ASSISTS
Lakers won against Timberwolves 128-110 ✅ pic.twitter.com/glDL32fUAI
Најнеизвесниот натпревар го одиграа Њу Орлеанс и Сан Антонио, а гостите славеа по продолжение со 116:120. Французинот, Виктор Вембањама ги „уништи“ и Пеликанс, со 29 поени, 11 скока и дури девет блокади.
Дербито во источната конференција меѓу Њуjорк и Бостон им припадна на Никси со 105:95. Бренсон постигна 31 поен, а Таунс додаде 26, заедно со 14 скока за победничката екипа.
Резултати:
Торонто – Милвоки 116:122
Орландо – Атланта 107:111
Бруклин – Кливленд 124:131
Хјустон – Детроит 111:115
Мемфис – Мајами 114:146
Далас – Вашингтон 107:117
Портланд – Голден Стејт 139:119
Сакраменто – Јута 105:104
ЛА Клиперс – Феникс 129:102




































