Женската ракометна репрезентација на Македонија, го претрпе и втпори0т пораз во квалификациите за Европското првенство 2026-та. По поразот од Германија, македонските ракометарки денеска загубија од Словенија.

Во мечот од 2.коло на третата група, одигран во Битола, Словенките славеа со 20-28.

Гостинките го отворија натпреварот со два врзани гола (0-2). Сепак нашите ракометарки брзо ги консолидираа редовите и израмни на 3-3, а потоа и поведоа со 4-3. Водеа црвено-жолтите се до 21,минута, по што Словенките го израмнија резултатот, а потоа тие поведоа. Гостинките на одмор заминаа со гол предност 11-12.

Во вториот дел се играше гол-за-гол до 33.минута, кога противничките врзаа два погодоци и за прв пат поведоа со три разлика 17-20. Во 43.минута напите ракометарки го постигнаа 18 гол (18-20), по што следуваше „црната-серија“ од 11 минути без постигнат погодок. Немаа решение селекторот Грчевски и неговите избранички, на подлабоката и поагресивна одбрана на противникот. Така Словенките врзаа осум голови во низа и на крајот славеа и убедлива победа со осум голови разлика.

Бадијала останаа 13 интервенции на Драгана Петковска, кога одбраната беше лоша, а таа немаше поддршка. Ивана Арсениевска со 4 и Драгана Јанкуловска со 3 голови беа најефикасни македонски ракометарки.

Во првиот натпревар од нашата група одигран денеска во Белгија, фаворитот Германија славеше со 4-21. Германија и Словенија имаат по 4, а Македонија и Белгија се без бодови.

Селекцијата на Белгија ќе биде следниот противник на Македонија и тоа во двомечот што ќе се игра на 4 и 7 март 2026.

Следете нé на социјалните мрежи