Селекцијата на Албанија дојде до минимална победа од 1:0 против Србија.
Во натпревар без инциденти Албанија триумфираше во Лесковац.
Натпреварот во глобала помина во здодевен тек кадешто единствениот гол беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме. Стрелец на голот беше Реј Манај во 46.та минута каде што веднаш после голот доби и жолт картон за време на прославата.
Со овој триумф Албанија дојде до втората позиција во групата К со 11 бода, додека Србија е на третата позиција со 7 бода.
Лидер во оваа група е репрезентацијата на Англија со максимални 15 бода.





































