Македонската фудбалска репрезентација вечерва на ,,Планет Груп арената” во Гент ќе го одржи последниот тренинг пред одигрувањето на квалификацискиот дуел против Белгија.

“Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат.

Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“,  изјави Трајковски.

Дуелот Белгија – Македонија што ќе се игра утре во Гент, ќе почне од 20.45 часот.