Во утрешниот натпревар против Белгија нашата фудбалска репрезентација во Гент ќе им гостува на Белгијците како првопласирана селекција во групата.

Благоја Милевски веќе има за што да е горд на овие репрезентативци но главната цел е пласман на Светското првенство 2026.

Иако Белгија е фаворит на групата и на натпреварот Милевски верува дека неговите избраници можат до позитивен резултат.

,,Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години.

Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред.

Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари.

Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија”, изјави селекторот Милевски.

Македонија има на што да се надева, на добра игра и на добар пристап на натпреварот, а Милевски треба да ги спреми последните исправки пред дуелот.

Натпреварот меѓу Македонија и Белгија во Гент ќе се игра утре со почеток од 20:45.