Деветтото првенствено коло во прволигашката фудбалска конкуренција на Македонија ќе биде заокружено денеска.
Во Битола, под рефлектори ќе играат Пелистер и шампионот Шкендија.
Екипата на Пелистер е во резултатска криза. Битолчани се немаат израдувано на првенствена победа од 28 август кога го совладаа Шкупи. Тоа е само една од двете победи на зелено-белите (славеа над АП Брера) во досегашниот трк на првенството. Четири од вкупно шесте порази пелистерци ги врзаа во низа на последните натпревари.
Тетовци во натпреварот влегуваат по гостувањето во Мадрид, каде беа поразени од Рајо Ваљекано во 1. коло од Конференциската лига. Од таборот шампионот велат дека сето тоа го оставаат зад себе, и сега фокусот е само како да се освојат три бода од гостувањето во Битола. Со победа, Шкендија ќе го мине Вардар на второто место на табелата и ќе се израмни со лидерот Струга Трим Лум.
Бодовите за двата тима се од голема важност, па кој и колку ќе освои останува да видиме. Натпреварот ќе се игра во терминот од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.



































