Големото ракометно македонско дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ги оправда очекувањата, кога во прашање е квалитетниот натпревар и големата борба.

На победа се радуваа ракометарите на Вардар кои славеа со 31-28 со што го сочуваа максималниот ефект во првенството.

Битолчани го отворија натпреварот со две водства (0-1 и 1-2), по што вардарци брзо ја презедоа играта во свои раце. Црвено-црните веќе во 16.минута имаа и три голови предност најголема во првиот дел. Во 24.минута при водство на вардарци 13-11, дојде до повеќе минутен прекин. Тое не влијаеше многу на играта до крајот на првиот дел, па вардарци на одмор заминаа со +2 (16-14).

По седум минути игра во второто полувреме, шампионот Е.Пелистер успеа да ја анулира негативата и да израмни на 181-18, но не за долго. Вардар повторно ја врати Позитивата од два гола 20-18. Но тогаш на сцена стапи голманот Митревски кој со две едноподруго одбрани им даде на пелистерци шанса за водство што не ја искористија. Тоа вардарци го казнија, и тоа благодарение на расположениот голман Валах, па во 44.минута црвено-црните повторно заминаа на +3 (24-21). Таквата предност се покажа како решавачка, па Вардар на крајот славеше со 31-28.

Тројца ракометари во победничката екипа постигнаа по 6 голови, Боно, Тузолана и Малус. Во поразениот состав, но и на натпреварот, прв стрелец беше Деан Манасков со 9 голови, а Кузмановски постигна 5 .

Со оваа победа, петта сезонава, Вардар со максимални 10 бодови е прв на табелата, пред Алкалоид и Бутел кои имаат по 8, а Еурофарм Пелистер и Охрид по 7. Овие два тима веќе во сабота ќе го играат меѓусебниот дуел и тоа во Битола.

Следете нé на социјалните мрежи