Најдоброто македонска фудбалска репрезентација селениот месец ја очекуваат два натпревари во квалификациите за СП 2026.
Првиот од нив е дуелот против ТОП фаворитот во групата Белгија и тоа на гостински терен. Ремито со Белгијците во првиот меѓусебен дуел во Скопје секако влева надеж за позитивен резултат и на реваншот. За да се оствари целта македонските фудбалери ќе имаат и поддршка од трибините.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека сите билети наменети за македонските навивачи се целосно распродадени.
Во изминатите три недели на располагање беа ставени речиси 1.000 билети, кои беа понудени за продажба преку официјалната платформа на ФФМ и се целосно резервирани од нашите поддржувачи.
,,Упатуваме голема благодарност на навивачите за интересот и поддршката која македонската репрезентација ќе ја има во Гент за мечот против Белгија.Поради релативно малиот капацитет на стадионот во Гент, немаме можност за дополнителна количина на билети” велат од ФФМ
Натпреварот Белгија – Македонија што ќе се игра во Гент е закажан за 10 октомври. Три дена подоцна (13 октомври) во Скопје го пречекуваме Казахстан.






































