На „Енфилд“ се одигра градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон, како вовед во петтото коло на англиската Премиер лига. Во него, актуелниот шампион Ливерпул славеше нова победа и да го задржи максималниот учинок по пет одиграни натпревари.

Ливерпул го отвори резултатот уште во 10.минута преку холандскиот интернационалец Рајан Гравенберг, за рано водство за домаќините. До крајот на првото полувреме „црвените“ ја удвоија предноста. Во 29.минута Французинот Хуго Екитике реализираше одлична акција и зголеми на 2-0.

Во вториот дел, Евертон успеа да намали преку Сенегалецот Идриса Гуеје, кој во 64. минута погоди за 2-1. И покрај обидите на гостите да израмнат, Ливерпул ја задржа предноста и ги впиша новите три бода.

Со оваа победа, Ливерпул останува на врвот на табелата со максимални 15 бодови, пред Арсенал, Тотенхем и Борнмут кои имаат по 9.

Следете нé на социјалните мрежи