Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше фантастични две седмици на турнирите во Романија.
Откако прво стигна до трофејот на турнирот во градот Слобозија, тетовката во Букурешт играше во финалето, кое за жал го загуби.
Сепак, Ѓорческа освои 49 поени со кои на најновата ВТА ранг листа има прогрес од 32 позиции. Лина сега е рангирана на 207-мото место, што е за 32 позиции послабо од нејзиниот најдобар ранкинг во кариерата. Таа на 12 јули 20217 година беше рангирана на 170-тата позиција.
Лина претстојнава седмица ја чека настап на турнирот во Куршумлијска Бања.
Што се однесува до најдобро рангираните, во ТОП-10 нема промени. Така и натаму убедливо прва е Белорусинката, Арина Сабаленка, пред Ига Швјатек од Полска и Американките, Коко Гоф и Аманда Анисимова.



































