Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа за само седум дена по вторпат ќе игра во финале.
Откако минатата недела освои трофеј, Лина утре ќе има нова можност да се израдува на нов пехар.
Ова откако тетовката во полуфиналето на турнирот во Букурешт во Романија славеше победа над грчката тенисерка Деспина Папамихали.
Мечот што траеше 81 минута Ѓорческа го доби во два сета со идентични 6-2.
За Лина ова е петто финале годинава, а четврто во низа на турнирите на кои нстапува.


































