Македонските фудбалери го одржаа ветувањето и со одлична игра се иџрадуваа себени, но и македонската јавност.

Македонија впиша нова победа, убедлива со 5-0 над Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство 2026-та.

Иако создадоа повеќе шанси во првиот дел само едена искористија македонските фудбалери и тоа Елмас во 15.минута за водство од 1-0.

Затоа во вториот дел уште четири голови во мрежата на гостите. Серијата ја почна Барди (52), веднаш потоа Чурлинов (56) зголеми на 3-0. Последните два гола дојдоа во самиот финиш преку Камили (82) и Станковски (90).

Со оваа победа Македонија се врати на врвот на табелата, пред Велс и Белгија која вечерва игра со Казахстан кој е четврти.

Следните два натпревари македонските фудбалери ќе ги играат во октомври месец. Прво на 10 октомври ќе и гостуваме на Белгија, па на 13 октомври во Скопје го пречекуваме Казахстан.

Следете нé на социјалните мрежи

КВАЛИФИКАЦИИ СП 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА