Македонскатата репрезентација до 19 години ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина во вториот пријателски натпревар. Денеска во Струмица, Македонија славеше триумф од 2:1.
Најголемите возбудувања во првиот дел се случија после 30 минути игра. По половина час игра, беше досуден пенал за Македонија. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Стефан Младеновски кој успеа да ја донесе македонската репрезентација во предност.
Радоста на Македонија траеше три минути, откако Спахиќ со убав удар од дваесетина метри го совлада Бешир и донесе израмнување.
На стартот од вториот дел ново водство за Македонија. Грешка на одбраната на гостите, топката стигна до Игор Ристов, кој успеа да го совлада Каисер и да донесе втора предност за нашата репрезентација на овој натпревар.
До крајот Македонија успеа да го задржи водството, дури имаше и шанси за трет гол, но недостастуваше реализција.
Во првиот меч меѓу овие две селекции пред два дена, Македонија славеше со 2-0 во Радовиш.




































