Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Чешка каде утре ќе го одигра пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.
По мини подготовките во Скопје, фудбалерите се на пат кон чешкиот град, каде на стадионот „Викторија Жишков“, избраниците на Милевски ќе тестираат со Арапите.
Тоа ќе биде „генерална проба“ за натпревар против Лихтенштајн во сабота во Скопје, а во квалификациите за СП 2027.
Утрешниот дуел Македонија – Саудиска Арабија ќе се игра во терминот од 17 часот. Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО овде и низ тв пренос на МРТ1.
