Успешен старт имаше македонската тенисерка Лина Ѓорческа на ИТФ турнирот во W50 Слобозија, Романија.
Таа денеска во 1. коло ја совлада домашната тенисерка Симона Огесгу со 2-0 во сетови (6-3 6-2) за 88 минути.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра против уште една тенисерка од Романија Бланка Барбулеску.
Инаку, македонската тенисерка на турнирот е рангирана како трета носителка.