Најдобриот светски тенисер Јаник Синер е последниот патник во четвртфиналето на Гренд-слемот УС Опен.
Италијанецот ја демострира својата моќ и уште еднаш потврди зошто е број 1 во светот. Синер во осминафиналниот меч против Александар Бублик, на противникот му препушто само три гема (6-1, 6-1 и 6-1).
Неговиот следен противник ќе биде неговиот сонародник Лоренцо Мусети.
Освен тие двајца, за полуфиналето ќе се борат: Новак Ѓоковиќ (Србија) -Тејлор Фриц (САД), Карлос Алкараз (Шпанија) – Јиржи Лехечка (Чешка) и Алекс де Минор (Австралија) – Феликс Ожер Алијасиме (Канада).