Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денеска се собира во Скопје за претстојните септемвриски обврски.

Селекторот Благоја Милевски ќе направи прозивка на играчите кои се на неговиот список за дуелите со Саудиска Арабија и Лихтенштајн.

Милевски повика вкупно 26 фудбалери меѓу кои и двајца дебитанти. Тие ќе одработат мини подготовки на теренот крај ФФМ по што заминуваат за Прага. Таму на 4 септември (четврток) Македонија ќе го одигра пријателскиот натпревар со Саудијците. Тоа ќе биде и „генерална проба“ за мундијалскиот квалификациски натпревар со Лихтенштајн во Скопје закажан за 7 септември (сабота).

Дуелот со Лихтенштајн, македонската репрезентација ќе го чека како прво пласирана во групата во која досега собра 8 бодови, два повеќе од Велс и четири повеќе од Белгија. Сепак не треба да се заборави дека овие селекции имаат еден односно два натпревари помалку од црвено-жолтите.

Победата против Лихтенштајн е императив за напите фудбалери за да се остане конкурентен во последните два „прозори“ од квалификациите.

Следете нé на социјалните мрежи