Екипата на Ливерпул дојде до триумф од 1:0 против Арсенал. Дербито на колото припадна на домаќините.
Натпреварот се одвиваше во релативно спор тек, каде во поголемиот дел од натпреварот гостите од Лондон изгледаа како подобар противник.
Сето тоа се смени по слободниот удар на Собослаи во 83.та минута кога од неверојатна далечина го постигна победничкиот гол.
Со овој триумф Ливерпул остана единствената екипа со учинок 3/3 во Премиер Лигата. Со 9 бода пред репрезентативната пауза Ливерпул е лидер во Премиер Лигата, а пак Арсенал се наоѓа на 3.то место со 6 освоени бода.