Екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед имаа бурно попладне. Тотенхем загуби со 1:0 на домашен терен од Бормут, додека пак Манчестер Јунајтед триумфираше со 3:2 против Барнли.
Тотенхем феноменално ја започна сезонава, но затоа на натпреварот против Бормут кој го загубија со 1:0 беа очајно лоши.
Иако домаќините доминираа со посед, тоа не е никакво оправдување за фактот што Бормут упати 19 шута од кои 6 кон голот на Викарио. Голот за триумф го постигна Еванлисон во 5.та минута кој беше доволен за триумф. Ова за „Спарси“ беше прв примен погодок сезонава.
Манчестер Јунајтед пак имаа „рингишпил“ натпревар против Барнли, но победи со 3:2.
Јунајтед доминираше, но Барнли постојано наоѓаше шанси да ја пробие одбраната. Резултатот го отвори автоголот на Кален во 27.та минута. Но второто полувреме беше она што беше забавно. Најпрво Барнли изедначи на 1:1 преку Лајл Фостер во 55.та минута, а пак Брајан Ембеумо веднаш врати на 2:1 во 57.та минута. На 2:2 резултатот го донесе Џејдон Антони. Во судиското продолжение по ВАР одлука Бруно Фернандеш погоди за 3:2 во 97.та минута.
По 3 одиграни кола Тотенхем и Бормут имаат 6 бода и засега се 3.то место на табелата, односно 7.мо. Манчестер Јунајтед со 4 бода по 3 кола се на 9.то место на табелата, а Барнли со 3 се две места подолу односно на 11-тото.





































