Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција, Љуботен денеска го одигра третиот натпревар во квалификациите за Лигата на шампионите.
По успешниот настап на турнирот во Скопје, каде тетовската екипа го освои првото место, следува турнирот во Белгија, во рамките на втората квалификациска рунда.
Љуботен во полуфиналето на овој турнир загуби убедливо со 0-5 од шведскиот шампионот тимот на Розенгард.
Така за тетовки сега ќе остане да одигра само уште еден натпревар во елитното натпреварување.
Во сабота (30 август), Љуботен ќе игра за 3.место со поразениот од дуелот Сараево од БиХ и Лувен од Белгија. Победата во тој меч ќе им донесе на тетовки продолжување на настапите во новоформираното натпреварување на УЕФА – Европа купот.
Победникот пак на од овој турнир ќе обезбеди пласман во следната (трета) квалификациска фаза за женската фудбалска Лига на шампиони.