Маратонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец кој успеа да го преплива каналот Ла Манш кој ги дели Франција и Англија.
Една од најтешките и нај исцрпувачки делници во маратонското пливање Поп Ацев ги преплива во време од 9 часа и 43 минути.
Со тоа Евгениј стана само петтиот Македонец кому му успеало тоа приклучувајќи се во друштво на легендарните: Нико Нестор во 1959 година, Атина Бојаџи во 1969, Томи Стефановски во 2009 и Игор Димовски една година подоцна.





































