Втор ден натпревари на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. И денеска на програмата се нови три натпревари.

Програмата ќе ја отворат хрватскиот Нексе и Киндал Торшавн од Фарските острови со дуелот од А групата. Двете екипи, вчера, во првото коло од оваа конкуренција претрпеа порази од домаќинот Охрид и српскиот Партизан. Токму овие две екипи ќе се сретнат во вечерниот термин, во меч кој најверојатно ќе решава за 1.место во оваа група, а со тоа и пласман во финалето.

Во попладневниот термин, за прв пат ќе го гледаме актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер. Видно изменетиот битолски тим за противник ќе го има словенечкиот Тримо Требње. Ова е дуел од Б групата во која вчера се одигра првиот меч, а во кој Вардар го победи Динамо Панчево.

РАКОМЕТЕН ТУРНИР – ОХРИД 2025

Среда 20 август
16.30 КИНДИЛ ТОРШАВН – НЕКСЕ (А група)
18.45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТРИМО ТРЕБЊЕ (Б група)
21.00 ОХРИД – ПАРТИЗАН (А група)

Следете нé на социјалните мрежи