Златна Копачка ја надгради платформата за обложување, олеснувајќи ни ја работата во барањето типови кои може да ни донесат добивка. А, токму со овој предлог-тикет правиме сефте на обновената и попрегледна платформа.

Нашите предлози за следните денови се:

СТОУК – ВАЛСАЛ: Победа домаќин

Раната фаза на Лига Купот во Англија е добра прилика за типување на фаворитите, како што е овој случај. По премиерната победа во Чемпионшип, Стоук би требало да ја пренесе формата и во оваа средба и да ја одржи традицијата од веќе 23 години без пораз од нисколигашот.

ЦРВЕНА З. – ЛЕХ ПОЗНАЊ: Победа домаќин

Црвено-белите завршија голема работа уште во првата средба, но тоа не значи дека во реваншот во Белград ќе ја бранат предноста од 3-1. Се очекува нов триумф на Звезда да сигурен пласман во плејоф рундата за пласман во Лигата на шампионите.

БЕНФИКА – НИЦА: 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

Победата од 2-0 во Франција речиси сигурно ја носи Бенфика во плејофот, меѓутоа 90 минути се многу време за да се сменат нештата. Затоа, наместо победник ќе типуваме игра на голови, да има меѓу еден и три гола во двете полувремиња.

БОЛТОН – ШЕФИЛД В.: 1+ гола во прво и 3+

Овие две екипи веќе седум меѓусебни дуели не можат да одиграат на три или повеќе гола, па сметаме дека е време да се смени традицијата. Типуваме да падне барем еден гол во првото полувреме, односно да има најмалку три погодоци во мечот.

ПСЖ – ТОТЕНХЕМ: 2+ гола во второ полувреме

ПСЖ покрај квалитетот и епитот на најдобар тим во Европа, ќе се потпре и на традицијата која вели дека освојувачот на ЛШ триумфира во Супер Куп-пресметката против освојувачот на ЛЕ. Така барем беше во претходните шест средби, односно само Атлетико Мадрид ја има прекршено традицијата од 2010 година досега.

БИРМИНГЕМ – ШЕФИЛД Ј.: Домаќинот да постигне 1+ гола во второ полувреме

Бирмингем во новиот милениум редовно постигнува барем еден гол против Шефилд во улога на домаќин, а токму тоа се бара и во оваа куп-средба, без разлика кој ќе триумфира на крајот.

Тикетот со шест парови редовно го уплаќаме со 200 денари влог, вие можете да вложите повеќе или помалку, како ви одговара. Доколку сакате да го препишете нашиот предлог-тикет, имате време до вечерва до 20:35 часот, кога почнува првиот натпревар.