Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, втор ден е во Ородеа. Таму во среда нашите кошаркари ќе го играат третиот натпревар во прет-квалификациите за Светското првенство 2027-ма.

Во рамките од „Б“ групата, Македонија ќе и гостува на Романија.

По двата порази, особено оној од саботата во Унгарија, избраниците на селекторот Илиевски ќе мора да го поправат. Тоа пред се важи за играта во одбраната и скок дуелите. 80-те примени поени од Романија и безмалку 100 (96) од Унгарија, се повеќе од показател, дека мора многу по ангажирано да се игра (гине) во одбранбената фаза.

Неискуството од играње на вакви натпревари, кај најголемиот дел од играчите во националниот состав си го прави своето. Сепак, вербата дека може и мора подобро, се разбира со многу работа, е присутна во националниот тим.

Направена е анализа, но време за многу корекции нема да има. Македонската селекција денеска и утре ќе одработи по еден тренинг во терминот на одигрување на натпреварот.

Дуелот Романија – Македонија што ќе се игра во среда е закажан за 18 часот, a може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи