Фудбалот и спортот треба да обединува не разединува. Последните случувања и препукувања околу националистичките испади на поединци, не може да го разедини македонскиот спорт. 

Најдобро за тоа говори и изјавата на Јетон Беќири, тренерот на македонскиот фудбалски првак, тетовска Шкендија.

Сакам да одговорам од срце.

За мене, не е битно која екипа прави резултати, јас секогаш навивам за нашите екипи.

Со тоа што ние работиме овде, играме во ова лига, живееме овде, многу е битно нашиот фудбал да се подигне на повисоко ниво.

Со подигнувањето на повисоко ниво, тоа ќе ни донесе бенефити на сите, не само за нас како Шкендија туку и на другите клубови“,

истакна Беќири.