Јуниорската машка репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар на ЕП за кошаркари до 18 години, што се одржува во Белград.
По вчерашниот дебакл и убедливиот пора од Литванија со 75 поени разлика одговорноста ја презеде селекторот Андреевски.
„Како селектор нема да барам никакви оправдувања за лошата игра. Во целост ја прифаќам одговорноста за денешниот пораз. Меѓутоа, ова е почеток на првенството, и до крајот се надевам ќе ги анулираме сите недостатоци, и дека ќе ја оствариме примарната цел“, изјави Андреевски.
Шанса за поправен е наредниот меч, оној против селекцијата на Грција која загуби во 1.коло од домаќинот Србија. 
Натпреварот Македонија – Грција што ќе се игра попладнево ќе почне во 13.30 часот. 
Дуелот ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
 
             
		