Женската репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз на ЕМОФ во Скопје.

Во натпреварот од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, нашите млади ракометарки беа убедливо надиграни од Франција со 18-39.

Уште од самиот старт Французинките потврдија зошто се фаворитки во овој меч. Тие од минута во минута само ја зголемуваа предноста, за на крајот да слава со 21 голови разлика.

По овој пораз за македонските ракометарки останува само уште еден натпревар, утрешниот со поразениот од дуелот Шпанија – Норвешка. Во него, ќе треба да се надминат себеси, да се израдуваат на првата победа и да го избегнат последното место во конечниот пласман.

ЕМОФ | FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА