Машката кошаркарска селекција на Македонија е шестата која денеска, на вториот ден на ЕМОФ, претрпе пораз.
Селекцијата на кошаркари до 16 години, беше убедливо надиграна од фаворизираната Франција со 55-89.
„Триколорите“ фаворитската улога ја потврдија уште во првото полувреме. Воведната четвртина ја добија со 11, а втората со 20 разлика, па на одмор веќе Македонија имаше негатива од 31 поен (23-54). Вториот дел беше само чиста формалност. Иако третиот период нашите кадети го добија (19-17), сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот со 34 разлика.
За Французите ова беше втора победа, а заедно со Турција овие две селекции си обезбедија полуфинале.
Македонија утре против Летонија ќе се обиде да ја впише првата победа, а со тоа да го избегне последното место оваа конкуренција.
Посетување дека покрај кошаркарите и кошаркарките денеска беа порозни. Исто поминаа и двете ракометни и одбојкарски репрезентации, па Македонија на осумте одиграни натпревари во колективните спортови има исто толку порази.
































